Почитувани клиенти, Ве молиме, пред да ги користите нашите услуги, внимателно прочитајте ги следниве услови. Со секоја посета на нашиот сајт како и купување значи дека сте ги прочитале овие услови и сте се согласиле на нив целосно.
Добредојде на сајтот www.maxte.mk. MAXTE Ви дозволува да ги користите услугите и содржината на својата платформа, која е предмет на следниве Услови на употреба. Условите на користење се однесуваат на сите содржини и услуги на maxte.mk. Со користење на било кој дел на платформата, се смета дека корисниците се запознаени со овие услови и дека ја прифаќаат употребата на содржините на овој веб-сајт само за лична употреба и на свој ризик.
Maxte.mk ИЗВЕСТУВА:
Maxte.mk има авторско право на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци, програмски код). Неовластеното користење на било кој дел на платформата, без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за кршење на авторските права и подлежи на законски мерки.
MAXTE управува со овој сајт од своите канцеларии во Виница, Р.Македонија. Воедно не изјавува дека материјалите или артиклите на овој сајт се соодветни или достапни за употреба надвор од Р.Македонија, како и пристапувањето во областите каде нивната содржина е нелегална и забранета. Не е дозволено да се користи увоз или извоз, извоз на содржини и артикли од овој сајт во било која форма или адаптација, со што се врши кршење на важечките закони или други прописи на Р.Македонија. Ако одберете да пристапите на овој веб-сајт надвор од Р.Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и сте одговорни за усогласеност со важечките локални закони. Овие Услови ќе се толкуваат во согласност со законите на Р.Македонија и нема да се применуваат принципите за решавање на несогласувањето на законите.
MAXTE може да ги ревидира овие Услови, во секое време со ажурирање на овој документ. Повремено посетувајте ја оваа страница за да ги видите условите кои се применуваат во моментот, затоа што тие се обврзувачки за Вас.
Личните податоци кои се внесуваат на сајтот www.maxte.mk со цел добивање на производот ќе се третираат во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на корисниците. Забрането е да се испраќа или пренесува на овој сајт било што незаконско, заканувачки, навредливи, клевети, непристојни, порнографски или други материјали кои ќе го нарушат законот.
MAXTE на овој сајт не сака да добие доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Било каков материјал, информации или други комуникации кои ќе се внесуваат на овој сајт, нема да се сметаат за доверливи оние со кои не може слободно да се располага. Maxte.mk нема обврска во однос на овие комуникации. Нашите вработени може да копираат, да го објават, дистрибуирааат, применат или на друг начин да ги користат сите комуникации и сите податоци, слики, звуци, текст и други работи прикажани во него за сите комерцијални и некомерцијални цели. Се разбира, во оваа група на податоци не ги вклучува вашите лични информации. Тие се во согласност со нашата политика за приватност, кои ги користиме само за внатрешна употреба или да ги пренасочат кон трети лица само за целите на обработка на Вашата нарачка.
MAXTE може, но нема обврска да ги надгледува или прегледува сајтовите каде корисниците пренесуваат или праќаат соопштенија или комуницираат исклучиво меѓусебно (како форуми, блогови и сл.). Меѓутоа, MAXTE не е одговорен за било кои од овие содржини. MAXTE го задржува правото да ги отстрани сите пораки кои содржат материјал што го сметаме за непристоен, клевети или на било кој друг начин неприфатливи изјави. Со сите информации во врска со трансакциите на клиентите се постапува во согласност со законодавството на Р.Македонија.
За да Ви биде овозможено купување преку нашиот сајт морате да бидете регистриран корисник. Процесот за регистрација е доста едноставен и од Вас бара само основни лични податоци. На врвот на секоја страница има паѓачко мени со категории на производи. Со избирање на категорија се отвора нова страница со останатите производи. Над сликите постојат филтри за филтрирање на производите според категоријата, бојата и големината. Повеќе информации за одреден производ можете да добиете со кликнување на името на производот на сликата или на називот. Доколку не знаете во која категорија на производи припаѓа производот за кои сте заинтересирани, можете да го користите полето за пребарување кое се наоѓа на врвот од секоја страница. Во полето може да го внесете кодот на производот, дел од името или слично. За време на прегледот на призводите, ќе се појави копче „ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА“. Кога ќе го кликнете тоа копче ќе бидете известени дека производот е во вашата КОШНИЧКА.
Во секое време, Ви нуди преглед на сите производи што сакате да ги купите. Со едноставно кликнување на иконата на кошничката во горниот десен агол се отвора нова страница која ги претставува сите производи подготвени за купување. Можете лесно да ги избришете производите од кошничката или да го зголемите бројот на саканите производи.
Кога ќе бидете подготвени да ја извршите нарачката потребно е само да кликнете на страната каде што се наоѓа кошничката и да кликнете на копчето „НАРАЧАЈ“. Ќе Ви биде побарано да го пополните формуларот доколку не сте логирани или автоматски ќе Ве упати на следниот чекор доколку сте најавени на Вашиот профил. Формуларот кој го пополнувате за време на регистрацијата потребно е да го пополните само еднаш, а секој нареден пат доволно е само да се логирате со својот профил. Потоа ќе Ви се отвори страна на која треба да се изврши затварање на нарачката, во 5 чекори.
Постојат два начини за плаќање на нарачката. Поедноставен и поефикасен начин на плаќање е со помош на електронско плаќање преку заштитен софтвер на нашата веб-страна. Вториот начин е наплата при примопредавањето на пратката со курирот кој ја врши доставата. Во тој случај, плаќањето е исклучиво во кеш.
При кликање на ПОТВРДИ, ќе Ви се прикаже известување за успешно испраќање на нарачката. На е-маил адресата која сте ја посочиле при регистрација на сајтот, наскоро ќе Ви пристигне потврда за нарачаните артикли, откако ќе се евидентира Вашата нарачка на телефон ќе Ве исконтактира наш оператор кој работи во делот на интернет продажба за проверка на испораката. За сите дополнителни прашања можете да не контактирате на: e-mail info@maxte.mk
Или на телефонскиот број +389 71 215 546
Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката. Производот мора да бидe неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета. Пакуваните производи се враќаат кај нас преку брза пошта на адресата што ја добивате од наша страна на свој трошок. Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, МAXTE Online Shop има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот.
Откако курирската служба ќе Ви ја достави пратката, Ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со Вашата нарачка, Ве молиме да не контактирате телефонски на бројот +389 71 215 546 или да го пополните формуларот за поврат на средства на следниот линк https://www.maxte.mk/mk/povrat-zamena и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пратката. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.
Кога ќе ги доставите потребните податоци, ќе се креира документација која ќе Ви биде проследена со постапката за враќање на средствата на e-mail адресата што сте ја оставиле при креирање на нарачката. Повратот се врши исклучиво на горе наведениот начин, со уплата на тековната сметка во денари и не е можно да се испратат пари преку курир во готово.
Откако ќе добиете потврда за креираната нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена за достава.
Рокот на испорака е 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден.
Курирската служба PostExpress (екстерна фирма која ја врши доставата за нас) пратките ги доставува на адресата за испорака секој работен ден 8 до 16 часот, и сабота од 9 до 14 часот. Ве молиме во тој период да има човек којќе може да ја прими доставата. При преземање на пратката потребно е да се изврши визуелен увид на пакетот за случајни видни физички оштетувања. Доколку забележите било какво оштетувања на самиот пакет или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се одбие пратката и во истиот момент да не известите. Доколку е сè во ред со пратката, слободно преземете ја и потпишете се на испратницата која ќе Ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два примерока. Вообичаена пракса е доколку курирот не Ве пронајде на назначената адреса, ќе треба да Ве исконтактира на телефонот кој сте го посочиле при креирање на нарачката и да се направи договор за нов термин за испорака на нарачката. Доколку и во тој случај повторно не Ве пронајде на посочената адреса нарачката се враќа кај нас. Откако ќе ја примиме ќе Ве исконтактираме за да се договориме за повторно испраќање.
Доставата е бесплатна за сите нарачки чија вредност е над 1.000 ден. За сите нарачки чија вредност е под 1.000 ден. доставата изнесува 150 ден. и трошокот ќе биде наведен на фактурата. Доколку нарачката ја плаќате со платежна картичка за време на купувањето во нашата online продавница во вкупниот износ на нарачката ќе биде пресметан и трошокот за доставата, така што немате да има потреба да ја платите доставата на курирската служба при доставата.
НАПОМЕНА: Со потврда на нарачката и кликнување на ПОТВРДИ, се согласувате со условите за достава.
Доколку по прием на нарачаниот производ заклучите дека сакате да го замените за друга големина или друг производ за ист или повисок износ, Ве молиме јавете ни се на +389 71 215 546 или пополнете го формуларот на следниот линк (https://www.maxte.mk/mk/povrat-zamena). Неопходно е да го имате бројот на фактурата/испратница и да ни го кажете кодот на производот и големината која Ви одговара.
Производот мора да бидe неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета и фактура.
По прием на производот, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена замената и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.
Кога ќе ги доставите потребните податоци, ќе се креира документација која ќе Ви биде проследена со постапката за замена на производот на e-mail адресата што сте ја оставиле при креирање на нарачката.
Нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот е употребуван.
Процедурата за замена на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот. Рокот за замена на големина на производ е 15 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот.
Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен во случаите кога купувачот добил оштетен или погрешен производ.
Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето „ПОТВРДИ“, се согласувате со условите за замена на производот.
Доколку по прием на пратката, производот има видливи оштетувања, Ве молиме јавете ни се на +389 71 215 546. Ние ќе Ве известиме за понатамошните чекори.
Ако сте ја примиле пратката и по отворањето на кутијата сте откриле дека испорачаниот производ не се совпаѓа со нарачаниот или податоците на сметката не се точни, Ве молиме, најдоцна во рок од 24 часа од денот на приемот на пратката, контактирајте ја нашата подршка за корисници.
Доколку купениот производ отстапува во однос на одредбите од Законот за заштита на потрошувачите, Ве молиме контактирајте ја нашата поддршка за корисници.
Ве молиме, подгответе ги следните информации:
Можете да го поднесете барањето за рекламација со пополнување на формуларот на следниот линк https://www.maxte.mk/mk/povrat-zamena или со јавување на бесплатниот телефонски број +389 71 215 546.
Што поскоро, а најдоцна во рок од 8 дена од денот на приемот на рекламацијата во писмена форма или електронски, ќе одговориме на рекламацијата. Рокот за решавање на рекламацијата е 15 дена од моментот на поднесувањето.
Во случај на враќање на производ на купувачот, трошоците за враќање на стоката не се на товар на МAXTE, трошоците се обврска на клиентот.