Марката MAXTE е основана во 2008 година во источниот дел на Северна Македонија, во малиот град Виница, познат по производството на висококвалитетен ориз, исто така, наречен и „бело злато“. Во прилог на висококвалитетниот ориз, Виница одамна е позната по уште едно „бело злато“, имено по памукот со врвен квалитет. Така, подемот на текстилната индустрија беше неизбежен, особено производството на долна облека, која се продава на пазарите низ Европа и светот. Целта беше создадеме висококвалитетна долна облека за секојдневна употреба, што останува наша цел до ден-денес.
Со избор на висококвалитетни материјали, создадовме одлични модели и, со помош на вредни и искусни луѓе, кои долги години работат напорно во индустријата за долна облека, ја создадовме долната облека MAXTE, што за кратко време беше прифатена од страна на сопствениците во малопродажната мрежа, а потоа и од клиентите. Оттогаш, MAXTE произведува висококвалитетна долна облека за стотици илјади задоволни клиенти.
Бесплатна достава за над 1500 денари и 15 дена поврат на роба.
Нашата веб страница е опремена со најновите технологии за безбедност на плаќање.
Премиум долна облека составена од висококвалитетен памук и еластин.
Планирате да одите во теретана, на забава или се подготвувате за вашиот деловен состанок? Дали сте родител кој балансира помеѓу семејството и работата? Или, сте сингл со напорна агенда секој ден? Што и да ви подготви денот, нашата долна облека со врвен квалитет е наменета за да ви обезбеди удобност 24 часа на ден.
Со децениско искуство, добар осет за трендови и голема страст за нашите производи, MAXTE ви гарантира удобна и висококвалитетна долна облека за секоја пригода. Откријте го нашиот широк избор на женска и машка долна облека и пронајдете го вашето ново омилено парче во онлајн продавницата MAXTE.
Продажната мрежа MAXTE од ден на ден расте и бројот на задоволни клиенти станува сė поголем. Со продажба преку Интернет, ние сме подготвени да ги направиме нашите производи достапни низ целиот свет.
Од самиот почеток, наш врвен приоритет беше да создадеме армија задоволни клиенти кои обожуваат да носат MAXTE долна облека и се враќаат за да го купат своето омилено парче долна облека MAXTE. Со гордост можеме да кажеме дека успеавме во ова.
Денес и во иднина, вработените во MAXTE продолжуваат да се стремат кон создавање уште посреќни клиенти, од кои црпиме инспирација за создавање подобар квалитет на производите и побрза достава на производите до нашите клиенти.
Нашата цел е да немаме незадоволни клиенти и правиме сė што е во нааша можност за да го постигнеме тоа.
Носам Maxte долна облека околу една година и сум многу задоволна. Одлични, комотни производи со одличен квалитет за таа цена. Ги препорачувам на сите!
Клиент